Продолжувајќи ја соработката со Сoach брендот, Јennifer lopez глуми и позира во новата, есен/зима 2021 кампања. Пријателството и радоста се двата елемента промовирани во кампањата со посебно истакнување на нивната важност во време на пандемијата.
Зборувајќи за најновата кампања, амбасадорката на брендот истакнува дека кога сме со пријателите и не е многу битно што ќе се случува – се опуштаме и оставаме работите самите да се случуваат. Да се знае дека луѓето се тука, дека сме заедно, според Лопез е охрабрувачки, оптимистично и спонатано.
Иако се чини дека нашите временски рамки постојано се бомбардираат со лоши вести, можеби најновата кампања на Coach нуди противотров за привремено да ни го одвлече вниманието од маките./М.М.