Winnie Harlow (родена Chantelle Brown-Young) е Јамајка-канадски модел, претставник за јавност и активист за луѓето со витилиго.

Harlow има витилиго – состојба која предизвикува губење на пигментацијата на кожата, но и покрај тоа веќе седум години гради успешна манекенска кариера. Во своите објави таа често потенцира дека ниту е болна ниту страда од болки поради витилиго. Единствено од што страдам, вели Harlow, се насловите и затворените умови на луѓето кои имаат еден стандард за убавина, заклучен во нивниот ум, кога постојат повеќе стандарди за убавина! Winnie Harlow го прозва и лондонскиот весник Evening Standard да престане да ја етикетира како „канадска витилиго“, објавени во насловот под една од нејзините инстаграми објави.
Кога е во прашање инклузијата во моделингот, вели Harlow, сеуште има многу да се направи.”Денес јас претставувам различен стандард од она што луѓето традиционално подразбираат под убавина”.
Winnie Harlow е модел и манекен на барње на армијата нејзини поддржувачи и обожуватели во кои се уметници, дизајнери и фотографи. Кога раскажува за изминатиот животен пат, разкажува за себе си како постојано малтретирано дете и девојче, како и за кралица на модната писта.

Winnie Harlow е и поранешна натпреварувачка во американското реално шоу America’s Next Top Model (ANTM), новото лице на Desigual и муза на славниот фотограф Nick Knight и на лондонскиот дизајнер Ashish. Состојба на кожата, како и да прозвучува, и помогнала во кариерата. Стана и симбол за диверзификација во професијата. Како што вели водителката на АНТМ, Tyra Banks: Нејзината убавина е непобитна и нејзината кожа ги урива бариерите за она што се смета за убаво “. Сепак, тоа е и албатрос. Восхитувајте му се на албатросот колку што сакате но, колку повеќе ја потсетувате, толку повеќе тоа ја вознемирува.

Winnie Harlow е споредувана со гепард и тоа не и пречи. Таа во хороскопот е лав, а гепардите се секси. Многу помалку и се допаѓаат комплиментите за „прекрасната крава“. Ја потсетуваат дека кога имала 13 години и влегувала во училишниот двор главниот насилник го предовдел хорот „Му! Муууууууу! “ Меѓу незаборавните настани е и оној од реалното шоу во кое судијата ќе здивне: „Леле! Вие сте како X-Man!

Автоимуната болест ја има развиено кога имала четири години. Витилиго влијае на 1% од населението. Не дискриминира тип на кожа или возраст и може да нападне кој било дел од телото, вклучувајќи ги очите, косата и устата, што резултира со депигментација.
Шантел донесе свесна одлука да не прави промени на својата кожа како УВА светлосна терапија, шминка, локални лекови, дури и хирургија. Сретна е што ја работи онаа работа за која мислеше дека нема никогаш да ја работи. Среќна е поради тоа – и сака таква да остане./М.М.

You may also like

Comments are closed.