Banca d’Italia издаде комеморативна паричка од €2 (две евра) за да и оддаде почит на извонредната работа на здравствените работници во борбата против корона-вирусот.
На монетата има маж и жена во медицинска облека со маски. Над нив е зборот GRAZIE (благодарам) проследено со срце и медицински крст.
Три милиони од овие монети ќе влезат во оптек и се очекува да бидат зачувани како спомен од оние кои ќе ги најдат, а и колекционерите да бидат заинтересирани за нив.
Сликата на новата комеморативна паричка е од Istituto Poligrafico e Zecca dello Stato./M.M.