Кога пред неколку месеци беше објавено дека стриминг-платформата Netflix подготвува документарен серијал за легендарниот американски дизајнер Roy Halston Frowick, познат под прекарот Halston, кој сега го носи и истоимената модна куќа, веќе се чуствуваше интересот и кон модната индустрија.
Затоа и не изненадува што пред нецел месец, Netflix во соработка токму со модната куќа Halston, ја лансира и својата прва колекција на луксузна облека, претставувајќи ја како дел од промотивната кампања за серијалот.
Паралелно, Netflix сега работи на два фронта – оформи тим на дизајнери кои ќе создаваат облека, играчки и игри инспирирани од сериите што се гледаат на платформата, а создаде и електронска продавницата која во моментов е достапна само за купувачи од САД. Се очекува наскоро продавницата да биде достапна и на други континенти, како и да се збогати асортиманот со многу поголем број на производи.
Netflix на своја нова онлајн продавница во моментов продава облека и фигурини, инспирирани од анимираните серијали Yasuke и Eden, како и декоративни предмети од трилер серијата Lupin.
Легендарниот американски дизајнер Halston, во 70-тите ја создаде и прослави амерканската висока мода со својот минималистички, чист дизајн, направен најчесто од кашмир или чиста свила кој тогаш владееше во дискотеките, редефинирајќи ја американската мода./M.M.