Creed  

Куќата Creed го претстави Viking Cologne, својот најновиот машки парфем. Создаден е од шестата генерација на парфемски мајстори, Olivier Creed и неговиот син Erwin.

“Viking Cologne парфемот е наша опсесија. Тој е толку блиску до самата ДНК на компанијата Creed, што истражувавме како да дојдеме до неговата  летна верзија, до свежината, но и енергичноста на мирис што ветува авантури” посочува Erwin Creed, по повод промоцијата.

Creed

Viking Cologne е универзален парфем прилагоден на современиот истражувач, чии подвизи досега биле само почеток, бидејќи пејзажите на нашето опкружување се предели што допрва треба да се истражуваат.

Горни ноти: бергамот, лимон, кора од горчлив портокал, кедар

Средни ноти: лаванда, пачули, геранијум, ветивер

Базни ноти: сандалово дрво, тeмјан, морско оревче, рузмарин, жалфија

Парфемот е достапен во пакување од 50 и 100мл. во Anabella Beauty Spot, во хотелот Мериот./М.М.

Creed

You may also like

Comments are closed.