Неделава е претставен по многу нешта единствениот лебдечки акрилен базен во светот. Пригодно, структурата е наречена Sky Pool и се наоѓа на околу 35 метри над земјата. Поврзува две Embassy Gardens кули во Лондон, Англија и е со должина од 25 метри, од кои 15 лебдеат во воздух.

Проектот претставува соработка на архитектонската компанија Arup, инжинерот Ekersli O Kalahana, како и создавачите на акрилот, Reynolds Polymer Technologies.

Структурата првин е направена во Reynolds, во Колорадо, пред да биде пратена во Лондон. За да се спречи пукањето на базенот од долната страна, под тежината на водата и на капачите, направено е посебно засилување на структурата. Оние кои не се сигурни во издржливоста, или, имаат страв од височина, можат да пливаат по страните, кај самите кули и тие делови се исти како и кај сите други базени.

Освен овој базен, единствен во светот, станарите во Embassy Gardens кулите имаат на располагaње теретани, кино сали, ложи и бројни снабдувачки центри./M.M.

You may also like

Comments are closed.