Peter Dundas планира да ја покаже својата колекција за пролет 2022 година на Модната недела во Њујорк, овој септември. Поради тоа и стилот на колекцијата е опишан како американски. „Тоа е почист, посвеж, пофункционален вид на гламур“, истакнува Dundas во преставувањето. Дел од приказната е и прилагодувањето кон променетата, постпандемиска реалност на неговите клиенти.
look book е снимена во Лос Анџелес, во една од куќите во ридовите. Дури и славните клиенти на Dundas деновите ги поминуваат повеќе дома, а тоа се рефлектира и во облеката што ја носат. Dundas направи колекција што ќе им биде блиска и во вакви, сеуште променети околности. Дезените се впечатливи, но не се материјал за црвениот тепих и тоа е поентата.
Dundas исто така вклучи и преголеми костуми со панталони, во стилот на Cary Grant. Холивуд не ги заборава своите ѕвезди и често им се навраќа во модните трендови./М.М.