За прв пат, научниците од Универзитетот Њукасл, Велика Британија, идентификуваа дека активноста на клучниот метаболички ензим, најден во „батериите„ на човечките клетки на кожата, се намалува со возраста. Студија, објавена во Journal of Investigative Dermatology, откри дека активноста на митохондријалниот комплекс II значително се намалуваат кај постарата кожа.

Ова откритие ги доведува експертите чекор поблиску до развој на моќни третмани против стареење и козметички производи, кои можат да бидат прилагодени, за да се спротивстават на падот на активноста на ензимот. Наодите, исто така, можат да доведат до поголемо разбирање за тоа како другите органи во телото стареат, што може да го отвори патот за развој на лекови во бројни болести поврзани со стареењето, вклучувајќи го и канцерот.

Mark Birch-Machin, професор по молекуларна дерматологија на Универзитетот Њукасл, ја предводеше пионерската студија со д-р Amy Bowman, од неговата истражувачка група. Професорот Birch-Machin рече: „Како што стареат нашите тела, гледаме дека батериите во нашите клетки се трошат, што е познато како намалена био-енергија, додека во истовреме се зголемуваат штетните слободни радикали.“ Овој процес лесно се гледа во нашата кожа, првин како фини линии, а потоа и појава на брчки. Ја знаете оваа приказната, или барем вашето огледало ја знае кога ќе се погледнете наутро!

„Нашата студија за прв пат покажа дека во кожата, со зголемување на возраста, се јавува специфично намалување на активноста на клучниот метаболички ензим што се наоѓа во „батериите„ на клетките на кожата. Овој ензим е врска помеѓу двата важни начина на создавање на  енергија во нашите клетки и намалувањето на неговата активност условува намалување на био-енергијата и стареење на кожата. „Сега имаме специфичен биомаркер или цел за развој и скрининг на анти-старечки третмани и козметички креми кои можат да се спротивстават на овој пад на био-енергијата.“ Сега постои можност да се најдат третмани против стареење, кои можат да се прилагодат на различни стареења , а нудат и дополнителна можност да се реши процесот на стареење на други места во нашите тела “.

Активноста на комплексот II е мерена кај 27 донатори, на возраст од шест до 72 години. Земени се примероци од кожата заштите на од сонцето, за да се утврди дали има разлика во активноста со зголемување на возраста. Користени се техники за мерење на активностите на клучните ензими во рамките на митохондриите, кои се вклучени во производството на енергија на клетките на кожата, вид на митохондријална фитнес или вежба на кожата. Ова беше евидентирано кај клетките добиени од горните (epidermis) и пониските (dermis ) нивоа на кожата.

Откриено е дека активноста на комплексот II значително опаѓа со возраста, по единица митохондрија, во клетките добиени од пониските (dermis ), а не од горните нивоа, што не е претходно пронајдено кај човечката кожа.

Научниците открија дека причината за ова е намалувањето на количеството на ензимски протеин, што е забележано само кај оние клетки кои престанале да се размножуваат. Сега ќе бидат потребни дополнителни студии за целосно разбирање на функционалните последици во кожата и во другите ткива, за да се воспостават методи за проценка на стратегиите против стареење на човечката кожа.

Dr Bowman, соработник за истражувања на Институтот за целуларна медицина, при Универзитетот Њукасл, рече: „ Ова е пионерско истражување за стареењето, бидејќи иако долго време се сметаше дека митохондриите играат важна улога во процесот на стареењето, сепак, точната улога остануваше нејасна.“ Ние сме сега на чекор поблиску до разбирањето како овие витални клеточни структури влијаат врз стареењето на човекот, со надеж дека, на крајот ,конкретно ќе се насочиме кон областите на митохондриите, во обид да се спротивставиме на знаците на стареењето./M.M.

You may also like

Comments are closed.