Escentric, под името М +, промовира три парфема кои содржат помеѓу 68 и 75 проценти Iso E Super, состојка која, како што вели парфимерот Geza Schoen, делува на нашата потсвест.
Уште во раните 70-ти, научниците од IFF налетале на чудна молекула, без мирис која тогаш е окарактеризирана повеќе како сензација или чувство. „Кадифено, топло и има мек еротски аспект“, вели парфемерот Geza Schoen„ основач на Escentric, кој во својата најнова парфемска колекција обилно ја користи оваа молекула, инаку наречена Iso E Super. Се работи за супстанција со еден крајно необичен и необјаснив квалитет, каде што, кога некој ќе го почувствува на улица, ќе помисли „морам да знам што е ова”.
Schoen, кој живее во Берлин, три децении работи со парфеми и добро го има изучено дејството на Iso E Super. Има иницирано и учествувано во повеќе истражувања, со кои се покажало дека кога Iso E Super се помириса, се активира еден од петте рецептори на феромони.
Во мирисите создадени во Escentric, парфемската куќа на Schoen, се создаваат мирисни формули со доминантно присуство на Iso E Super.
Во трите нови производи на Escentric, со Молекула + , или М +, Iso E Super е доминантно присутен и тоа од 68 и 75 проценти, со тоа што се застапени и мирисните ноти на мандарина, ирис или пачули. „Мириса модерно, транспарентно и секси“, објаснува Schoen. „Има нешто зачудувачко, затоа што делува на нашата потсвест“./М.М.
Деталите се на: https://row.escentric.com/