Со 2500 наслови ги следевме настаните во светот на модата, дизајнот и креативноста. Го откривавме патот на создавањето на нашите креатори – дизајнери и ракотворци; следевме настани и одбележувавме јубилеји; откривавме нови научни достигнувања што го разубавуваат и олеснуваат животот…
Во изминативе 1095 дена над милион од вас ни го подарија своето време и внимание и ние сме длабоко благодарни за тоа!
Во големата медиумска палета на боји и нијанси, ModaModa останува своја – доследна на себе си – до некои нови достигнувања, бројки и јубилеји. Секако, секогаш – со вас!/M.M.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.