NAEEM KHAN

Замислувајќи ја 2022 како година по пандемијата – како во време на неограничена креативност и прослава, Naeem Khan е повеќе од подготвен со својата спектакуларна невестинска колекција за новата, постпандемиска ера.

Модната линија е драматична, на најдобар можен начин, со посебна арт деко атмосфера од 1920-тите, со графички детали од колоните, додека симетричните и строго скроените линии на рамената, оддавааат подготвеност на  смела, нова невеста. Прекрасните пастелни везови на флуиден изглед додадваат чиста романса во приказната за денот за паметење.

NAEEM KHAN

Дел од колекцијата, сосема мал дел се и фустаните за свадбената забава: куси здолништа, реси, црни мрежасти чорапи – се како за евент со кореографија на a Bob Fosse – на која постпандемично можеме да и се радуваме!

Роден и израснат во Мумбаи, Khan пораснал во свет опкружен со култура, архитектура, уметност, историја и дизајн. Како момче, имал можност да добие огромно знаење за текстилот и шиењето и тоа под будните очи на неговиот дедо и татко, и двајцата дизајнири на сложената облека што ја носат индиските кралски семејства.

NAEEM KHAN

Кога Khan, како тинејџер, се преселил во САД, за да стане дизајнер и да започне своја кариера, добил можност да работи за легендарниот американски дизајнер Halston.

Во креациите на Naeem се чуствува и влијанието на американскиот дизајнер, но и семејното наследство. Спојот станал неверојатен, а дизајнерот маѓепсник за создавање слоевита, сложена, уникатна но и чиста, елегантна и безвременска силуета.

NAEEM KHAN

Создадениот, уникатен стил, е дизајнерската естетика на еден и единствен Naeem Khan.

Неговите креации ги носат филмските диви на црвениот тепих, на филм или телевизија, ги носат и младите девојки на кои им се исполнува сонот за незаборавен и безвременски невестински фустан.

Денес, свечените фустани и венчаниците на  Naeem Khan се продаваат на 150 бутици ширум светот./М.М.

NAEEM KHAN

NAEEM KHAN

You may also like

Comments are closed.