Не стивнува бурата предизвика од неодамнешната продажбата на дигиталното дело, создадено од роботот Sophia, за 688.888 долари, во форма на таканаречен незаменлив токен -NFT.
Продажбата имено јасно укажува на зголемен недостаток на контрола на NFT пазарот, каде што ете, не само луѓето, можат да продаваат и купуваат сопственички права на дигитална содржина. Секој NFT има единствен дигитален код кој овозможува потврда на автентичноста и на сопственоста на нештата.
Дигиталното дело е насловено како Sophia Instantiation и е создадено во соработка со италијанскиот уметник Andrea Bonaceto. Соработката започна со создавање на портрет на Sophia од страна на Bonaceto, кој потоа беше обработен од роботот, генерирајќи своја интерпретација. Делото има форма на MP4, од 12 секунди и ги прикажува двете слики. Делото може да се види на следниов линк: https://newatlas.com/robotics/sophia-robot-sells-digital-nft-auction-immervision/
Sophia е создадена од Hanson Robotics компанијата – може да имитира изрази на лицето, да води разговори и да препознава луѓе, а сега и да слика. Во 2017 година доби државјанство на Саудиска Арабија и стана првиот граѓанин меѓу роботите./М.М.