Bamboo Grove е колекција на стаклени вазни, направени од италијанската дизајнерка Anna Perugini, што можат да се превртуваат и комбинираат во повеќе бои и големини. Колекцијата е изработена за германската и италијанска фирма Ichendorf.
Секоја вазна се состои од два дела, едниот поплиток од другиот. Тие можат да се креираат со цвеќиња или различни предмети, во зависност од нивната големина. Дизајнерката сака да создава флексибилни предмети за различни цвеќиња или декоративни аранжмани. За неа вазните се динамички и разиграни објекти, кои така стануваат и дел од цветна композиција.
Вазните се направени со дување на течното стакло – класичен, традиционален метод на обработка на стаклото. Обработката на стакло со дување е навистина интригантна техника, вели дизајнерката. Тоа е многу непосреден процес. Можете веднаш да видите како се создаваат формите. Вазните секој пат се малку поинакви, бидејќи нема калапи. Тоа е вид техника во слободен стил и јас навистина ја сакам, истакнува Anna Perugini.
Колекцијата е направена во стилот на споени садови, или стебла, односно дрвја бамбус, така што со право го носи името Bamboo Grove./M.M.