Louis Vuitton ја претстави на својата водечка продавница Ginza Namiki, во главниот трговски кварт во Токио. Ново-проектираниот бутик е замислен како трансформација на објектот на постојната локација. Архитектите Jun Aoki и Peter Marina беа на чело на проектот со кој се прави спој меѓу современата естетика на објектот со околните улици на Токио.
Од 1981 година Louis Vuitton го завзема истиот агол во Ginzi. Архитектите сега ја трансформираа локацијата во исклучителен објект, со модерен изглед кој рефлексијата на водата ја преставува како материјален феномен. Минувачите гледаат во наместа мазна, наместа на брановита површина на водата, низ светликавите агли на стаклената површина на фасадата на зградата.
Внатрешниот простор се протега на четири ката и целосно е реновиран. Посетителите можат да ја видат стаклената фасада што ги пренесува транспарентните бои до скалите и вградените елементи. Рop-up просторот овозможува преставување на анимации за претстојните промоции.
На врвот се приватниот салон за ВИП клиентите, како и Le Café V, во кој кон крајот на април ќе можат да се пробаат и првите чоколади создадени од Louis Vuitton./M.M.