Y Le Parfum е новот мирис за мажи на Yves Saint Laurent. Создавачот, парфимерот Dominik Rapion, го претставува како мирис на слобода, мирис на соништа, за оние кои се осмелуваат и оние кои живеат да ги остварат своите соништа. Кога го создадов Y Le Parfum, вели тој, сакав да направам контраст помеѓу светлиот почеток и длабоката сензуалност, што потсетува на ориентализам. Во висоите ноти се: грејпфрут, јаболко, ѓумбир и алдехиди, во средните: жалфија, есенција од лаванда, и здравец, а во основата се кедар, олибанум, тонка и пачули. Композиција која придвижува и во која Y е одговор на потребата за само остварување.
Парфемот е најавен како моќна и темна композиција која комбинира свежина и интензитет и резултира во елеганција.
Негов промотор и заштитно лице е музичарот Lenny Kravitz. Лани брендот му доволи претставување на колекцијата есен-зима 20/21, а годинава го покани да биде заштитно лице на парфемите на Y Le Parfum. Во рекламната кампања, Kravitz не го менува својот препознатлив стил. Стајлингот на музичарот е во согласност со расположението на новиот парфем.
Патем, музичарот негува семејна љубов кон мирисите на Yves Saint Laurent. Неговата ќерка Зои, исто така, работи со брендот и веќе неколку сезони по ред претставува „Black Opium“.
Во пораката на Kravitz за Y Le Parfum Yves Saint Laurent тој вели дека е студен однадвор и топол одвнатре и дека се работи за нова, поинаква и многу по силна верзија на Y Le Parfum создаден во 2017 година, како и на верзиите од 2018 и 2019 година./M.M.