Objet Nomade е дизајниран како колекција на спомени, сега надополнета и со фенер, за драгоцени моменти да останат осветлени во сеќавањето, објаснуваат од студиото за дизајн.
Создаден во соработка со студиото за дизајн од Trevizо, Zanellato/Bortotto, Louis Vuitton што туку го претстави новиот дизајн на своите фенери, како надополнување на нивната колекција Objet Nomade: https://eu.louisvuitton.com/eng-e1/magazine/articles/the-objets-nomades-collection#video
Новите лантерни се со решеткаст дизајн што потсетува на кафез и саќе, во зелена и црвена боја и во две различни димензии.
Освен што се изработени од испреплетени ленти од Louis Vuitton кожата, дизајнот асоцира и на силуети на чантите на модната куќа, бидејќи има ремен и месинг ногарки, кои спречуваат оштетување на долниот дел. Во централниот дел имаат led извор на светло на полнење. Совршен се додаток на секој ентериер./M.M.