Том Форд, познатиот американски моден дизајнер и режисер, го промовира својот најнов производ во доменот на декоративната козметологијата: течна и компактна основа која скулптурира и дефинира, нагласувајќи ја симетричната дефиниција на лицето. „За да се истакне вашата индивидуална убавина, треба да се нагласи архитектурата на вашето лице. Сите ние инстинктивно реагираме на светлината и на симетријата – посочува Том Форд во соопштението за медиуми.

Tom Ford

Фондацијата „Shade and Illuminate Soft Radiance SPF50„ обезбедува средно до целосно покривање: формулирана со хијалуронска киселина, – балсам копаиба, андироба и акаи – производот го навлажнува тенот 12 часа одржувајќи свежина и сјаен тен.

Tom Ford

Компакт верзијата е со истиот финиш кој го подобрува и усовршува тенот, како и течниот пандан. Деталите се на страната на Том Форд:

https://www.tomford.com/shade-and-illuminate-soft-radiance-foundation-spf-50/T73C.html

Tom Ford

Инаку, Томас Форд својот истоимен луксузен бренд го лансира во 2006 година, претходно  работејќи како креативен директор во Гучи и во Ив Сен Лоран.

Спаѓа во редот на најнаградуваните модни дизајнери денес, со колекции чиј неисцрпен и оригинален дизајн секогаш е високо оценуван. За пролетва, заедно со новите производи во декоративната козметологија, промовира и нова модна линија во колекцијата пролет/лето 2021. Колекцијата е своевидно надополнување на одликите на новата фондација – носи свежина, со меки линии и пастелни бои, привлекувајќи внимание со едноставната совршеност./М.М.

Tom Ford

 

 

You may also like

Comments are closed.