Viviennewestwood

Годинешната, 35. по ред Лондонска модна недела помина во знакот на активизмот – како на пистата, така и надвор од неа. Едновремено, тоа беше и првата модна недела на која не е прикажан ниту еден модел со природно крзно, на која манекените носеа и говореа пораки против климатските промени, брзата мода, експлоатацијата на трудот во текстилната индустрија

Вивиен Вествуд и овој пат ја искористи пистата за политичка сцена. Моделите одржаа политички говори на пистата на теми како што се Брегзит и климатските промени. Меѓу нив беше и актерката Роуз Мек Говен, која носеше гардероба на која беа испишани политички пароли.

Вествуд не беше единствениот дизајнер чии политички пароли беа слушнати на модната ревија, но нејзиниот доследно ангажиран активизам овој пат донесе и рококо – од сликата на François Boucher за Daphnis и Chloe.

Во креациите на британската дизајнерка е прикажан модерен панк, како и стил на новиот бран со одредена романтична нота и сила, искажана преку традиционалните волнени ткаенини во целосно класични принтови. Одрживоста е секако приоритет во изработката на колекцијата. Во дизајнерските парчиња се рециклирани фармерки, вискоза и органска свила, сите резултат на иновативен еколошки систем со кој неодамна се стекна модната куќа на Вивиен Вествуд./М.М.

You may also like

Comments are closed.