Синот на Sir Daniel Day-Lewis, англискиот актер, со британско и ирско државјанство, исклучително почитуван од својата генерација, наградуван и прогласуван за најдобар актер, Gabriel-Kane Day-Lewis, е новото заштитно лице на Ermenegildo Zegna. Мајката на моделот е не помалку познатата француска глумица и пеачка Isabelle Adjani.
Љубовка кон музиката е наследена од мајка му но изгледот – од неговиот татко. По појавувањето на повеќе модни настани со својот татко, пред пандемијата, како и на Париската модна недела, од Elle магазинот е забележано дека Габриел, со сините очи, силните веѓи, изразените јаготки и контури на лицето, многу наликува на својот татко и е новит „eyebrow crush„. Од магазинот напомнуваат дека потеклото и славните родители секако полезно ќе влијаат врз неговата кариера, но и на модната куќа која ја промовира.
Ermenegildo Zegna е создадена во Триверо во 1910 година, за да создава најубава облека на светот, и таа до денес семејно е управувана – сега од четвртата генерација, со уметничкиот директор Alessandro Sartori.
Ermenegildo Zegna за пролетта и летото 2021 го продолжува концептот #WHATMAKESMAN, кој води дискусија на тема „Што прави вистински човек“. Колекцијата е подготвена за носење и ги содржи најважните секојдневни работи потребни за да се ажурира сезонската гардероба. Деталите за новата колекција се на https://www.zegna.com/ww-en/group-story/ /М.М.