Ст. Хилдегард од Бинген е инспирацијата на  Gabriela Hearst за колекцијата  есен/зима 2021, прикажана на затворањето на модната недела на Њујорк. „Таа е толку светла и славна што не можете да го погледнете нејзиното лице и облека од сјајот со кој блеска“. Хилдегард од Бинген е родена во 1098 година, во време кога жените беа отстранети од интелектуалниот и творечкиот живот. Таа била композитор, поет, филозоф, мистик, лингвист, ботаничар и медицински теоретичар. Да беше маж, сите би го знаеле нејзиното име, како што го знаеме Леонардо Да Винчи. Нејзините визии кои започнаа на рана возраст, го управуваа нејзиното духовно патување. Таа ги примени ренесансните принципи на уметноста и на науката со векови пред да започне овој период. Цели 300 години пред Леонардо.

Gabriela Hearst 2021

Колекцијата е центрирана околу две постојани нишки на Хилдегард и две повторени теми што ги видовме и во изминатата година: науката и уметноста. Долгите здолништа и строгите линии го отсликуваат времето од кое ја црпи инспирацијата, а надградбата се цветните отпечатоци од кожа и чипка, плетени и хеклани од две непрофитни организации на жени од Уругвај и Боливија. Габриела Херст живее и работи во Уругвај, создавајќи специфични колекции облека и додатоци. Покрај тоа што е дизајнер на својот бренд, работи и управува со семејниот ранч во Уругвај. Деталите се на https://www.gabrielahearst.com/blogs/stories/autumn-winter-2021 /М.М.

Gabriela Hearst 2021

Gabriela Hearst 2021

You may also like

Comments are closed.