Неделата на дизајнот во Стокхолм се одржа од 8 февруари -12 февруари. За добар дел од присутните дизајнерските модни недели без луѓе се прилично бесмислени
Според Том Диксон дигиталните технологии ќе го револуционизираат начинот на презентирање на нови дизајни, а потврда на тоа е неговиот холограм, испратен во Стокхолм, заради пандемијата.
Со оглед на тоа што Ковид-19 спречи го британскиот дизајнер физички да присуствува на Стокхолмската недела на дизајнот, тој наместо тоа ја искористи дигиталната верзија, за да ја претстави неговата нова колекција.
Според локалните дизајнери годинава модната недела на Стокхолм е многу поинаква од претходните – без странски посетители и социјалниот аспект од претходните дизајнерски недели во градот. Организаторите рекоа дека ќе биде половина дигитален, половина физички. Вистината е дека физички немаше речиси ништо. Не се чувствува дека е недела на дизајнот, постојат отворени изложбени салони, но сепак изгледа дека генерално луѓето остануваат дома.
Згора на се откажана беше Стокхолмската недела на мебел дизајнот. Одлуката за откажување на саемот за мебел беше донесена кога возобновувањето на пандемијата на коронавирусот ги принуди организаторите да ги укинат настаните, поради правилата за социјално дистанцирање. Ова ги намали можностите за вмрежување и дружење, што е една од клучните цели на учесниците на дизајнерската недела.
И покрај ограничувањата, сепак некои од дизајнерите го поздравија начинот на кој организаторите се справија со дизајнерската недела, со оглед на тешките и непредвидливи околности. Беа организирани патувања со автобуси за да се посетат физички настани на потребна социјална дистанца, додека бројни дизајнери и брендови своите креации ги претставија низ филмови емитувани преку дигиталните канали на Стокхолмската недела на дизајнот./М.М.