ВВ Тиквеш се приклучи кон интернационалниот предизвик и нивниот тим одигра на музиката на „Јерусалема“,  песна која изминатата година стана светски симбол на единство и мир во поделеното општество.

На денот на Св. Трифун беше објавено видеото со кое од ВВ Тиквеш сакаат да ја промовираат пораката за надеж и желбите за просперитет во годината ѓто не очекува, раскажувајќи ја македонската винска приказна во ритамот на љубовта и сплотеноста како дел од предизвикот Јерусалема.

“Да го подигнеме духот и моралот, да ги приближиме различностите и барем на момент да се расположиме и да избегаме од реалноста. Покрај тоа, се надеваме дека приклучувањето кон еден ваков глобален предизвик ќе придонесе за луѓето надвор од земјава да ја запознаат Македонија како винска земја, а воедно и да го промовираме Тиквеш како еден од најголемите национални брендови до пошироката светска публика” – велат од ВВ Тиквеш.

На здравје за подобро утре и просперитет!

На здравје за новиот род и поубав свет! /М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.