Целта на курсевите е да ги обучи и опреми корисниците да ја разберат потребата за управување на социјалните промени.- За сите заедно да одиме напред, потребно е сите да научиме повеќе за нас самите, за нашите заедници и за планетата
Американскиот моден бренд Tommy Hilfiger преку FutureLearn платформата, ќе реализира серија едукативни курсеви за социјалното влијание на теми: одржливост, LGBTQIA+ allyship, верба во телото и градење на заедницата. Курсевите ќе бидат бесплатни и дигитални, а имаат за цел да го направат учењето достапно и забавно за сите, едновремено креирајќи позитивни промени преку отворање на актуелни социјални и еколошки прашања,
Курсевите, ќе започнат на 15. февруари и ќе траат до летото, како дел од нивната кампањата за создавање подобра иднина наречена „Moving Forward Together„. Домаќини ќе бидат амбасадорите на брендот Jameela Jamil, Mogli, Kiddy Smile, Compton Cowboys и Indya Moore, заедно со бројни други социјални активисти.
„Ние сакаме само да ги инспирираме, туку и да им овозможиме на нашите фанови да направат позитивна промена во нивните животи и во животите на другите околу нив“, посочуваат од Tommy Hilfiger. „Креирање бесплатни, но мошне значајни курсеви преку FutureLearn е еден од начините како да ги опремиме за да го направат тоа. Ова социјално насочување преку он-лајн предавања е всушност многу значајно денес и претставува многу битно градиво, што не секогаш и не наекаде се изучува во училиштата. За да одиме напред заедно, сите треба повеќе да научиме за нас самите, за нашите заедници и за планетата, и токму тоа ќе биде она што ќе се учи на нашите курсеви “.
Најавувајќи ја кампањата Move Forward Together и на својот сајт https://global.tommy.com/en_int, од компанијата истакнуваат дека во светот што постојано се менува, ние ја имаме колективната моќ да креираме иднина во која сите ќе сакаме да живееме. Tommy Hilfiger е решителен да застане зад тие цели и да се бори за нивно остварување./М.М.