Без разлика дали вашата нова Инстаграм продавница е хоби или целодневен ангажман, Ecwid го олеснува промовирањето и продажбата на производите

 

Инстаграм објави дека Ecwid Е-трговија е новата услуга што  им ја нудат на корисниците. Ветуваат дека за поставувањето се потребни само неколку минути. Комплексната и моќна технологија е зад едноставните форми и упатствата што се следат лесно. Најсовремена технологија овозможува напредна контрола над продавницата на Инстаграм. Да се продава може сè, од облека до антички мебел. Инстаграм продавница го проширува дигиталниот отпечаток на корисникот, создавајќи нови и привлечни можности за промовирање на производите. Претставува нова шанса за ракотворците и дизајнерите – освен промоција на создаденото, да најдат и купувач за своите дела.

Секој ден, 300 милиони корисници на Инстаграм ја посетуваат деловната страница на Инстаграм. Осумдесет проценти од корисниците следат барем една деловна активност на Инстаграм, 60% слушнале за бизнис или производ преку Инстаграм.

Овозможувајќи објава на Инстаграм, купувачите можат веднаш да преминат од инспирација до одлука.

Вашиот каталог на производи се синхронизира автоматски со вашите страни на Facebook и Instagram. Потоа, кога означувате производи на вашите фотографии со ознаки за цени за купувања, на корисниците на Инстаграм им е овозможено да ги прегледуваат истакнатите производи, да одлучуваат и да нарачуваат директно од нивните сопствени сметки на Инстаграм./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.