Девет нови производи на “Kylie Skin” се пуштени во продажба во поп-ап продавницата во трговската куќа “Галери Лафајет” на Париската авенија на Шанзелизе, од 25 јануари до 16 февруари.

Концептот за поп-ап продавницата е создаден да изгледа како розовата бања на Kylie Jenner, но наместо да биде во Лос Анџелес, тaa ќе биде во центар на вниманието во зголемениот атриум на “Галери Лафајет”.

Поп-ап-екранот ќе прикаже седум нови производи за нега на лице и два производa за нега на тело, кои исто така ќе бидат достапни преку Интернет.

Посетителите на локацијата можат да учествуваат во онлајн игра која вклучува селфи фотографирано во продавницата и потоа да го објаваат со посебна ознака и хаштаг. Победникот, кој треба да биде објавен на 16 февруари, ќе добие една година производи од “Kylie Skin”./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.