Употребата на антибиотици може да доведе до уништување на нормалната бактериска флора во телото, што отвора можност за развој на патогени бактерии и габи. Корисно е со антибиотици да се користат пробиотски култури, кои треба да ги населат цревата и на тој начин да спречат развој на патогени бактерии, кои ќе ја „преживеат“ антибиотската терапија.

За разлика од класичните антибиотици, природните антибиотици не ги уништуваат добрите бактерии кои се неопходни за правилно и добро варење. Проследете го прегледот на најефикасните антибиотици и нивните ефекти.

Лук

Долго време се користи во народната медицина за борба против инфекции, потврдена е неговата ефикасност против многу бактерии, габи и вируси. Содржи алицин, кој се покажа како ефикасен против бактериите кои веќе станале отпорни на антибиотици.Лукот може да се конзумира и во капсули.

Масло од диво оригано

Маслото од диво оригано делува како антиоксиданс, со што ги штити клетките од штетните ефекти на слободните кислородни радикали, соединенија што спонтано се создаваат во нашето тело. Покрај тоа, карвакролот, активното соединение на ориганото покажува антибактериска активност во лабораториски услови.

Ехинацеа

Употребата на ова растение во медицински цели е забележана пред повеќе од 400 години. Го активира имунолошкиот систем во производството на одбранбени клетки, како одговор на бактериски и вирусни инфекции. Спречува формирање на слободни кислородни радикали што имаат како последица голем број патолошки процеси во човечкото тело, а меѓу другото, кислородните радикали се во основата на процесот на стареењето и на клеточната смрт. Исто така, ја подобрува реакцијата на имунолошкиот систем – го зголемува нивото на интерферон и интерлеукин, потоа има и антивирусно и антифунгално дејство.

Прополис

Природен антибиотик признат од СЗО, покажува антибактериски и антиинфламаторни својства без несакани ефекти и е успешен дури и во лекувањето на резистентни соеви на бактерии.

Прополисот е природно соединение кое има голем број корисни ефекти врз човечкото тело и поради неговите лековити својства се користи повеќе од 2.000 години. Има конзистентност слична на смолата и се произведува од пчели со модифицирање на секретите на кората и пупките на дрвјата, кои ги штитат дрвјата од микроорганизми. Содржи активни супстанции наречени флавоноиди кои се потребни за човечкото тело.

Мед и куркума

Медот и куркумата заедно прават едноставен рецепт за еден од најдобрите природни антибиотици, познат и како „златен мед“. Подготовката е едноставна: додадете мала лажица куркума во медот (приближно 100 гр мед) и притоа внимавајќи медот да не биде во допир со метална лажица, бидејќи ги губи своите лековити својства. Златниот мед е одличен природен антибиотик, бидејќи: нема опасни интеракции со други лекови, згора на тоа медот го стимулира дејството на некои лекови. брзо се апсорбира и на природен начин, не ги оштетува „добрите“ бактерии на дигестивниот систем.

Матична млеч

Покрај својата хранлива улога, матичниот млеч содржи и супстанции со антибиотско дејство. Докажано е дека матичниот млеч има голем број корисни ефекти врз човечкото тело бидејќи содржи ацетилколин (сигнализациска молекула во нервниот систем) – ја подобрува концентрацијата и меморијата, лечи стрес и депресија, го стимулира нервниот систем.

Се користи и во третман на кардиоваскуларни заболувања (хипертензија, висок холестерол, исхемична срцева болест, срцеви напади, атеросклероза…). Се консумира во сурова форма, како прашок, течност или таблета./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.