Студиото Roosegaarde, со седиште во Ротердам, предводено од дизајнерот Даан Рузгард, ја претстави Grow, светлечката инсталација поставена околу посеви, на површина од 20.000 метри квадратни, дизајнирана да ја потенцира убавината на земјоделието, едновремено подобрувајќи го растот на посевите.

Црвеното, сино и ултравиолетово светло го трансформираат полето во динамично уметничко дело. Создаден е визуелен спектакл, инсталацијата која служи како прототип за тоа како одредени „лесни рецепти“ може да се користат за зголемување на растот на растенијата и намалување на употребата на пестициди до 50 проценти.

Првите идеи за проектот Grow урбанистот  дизајнер Рузгард ги има развиено со цел да се истакне убавината на земјоделството. Светлата ги претвораат посевите во визуелен спектакл, но и помагаат да се подобри растот преку, технологијата на фотобиолошкото осветлување. Истражувањата сугерираат дека одредени комбинации на светлина, не само што можат да го зајакнат метаболизмот на растенијата, туку и да создадат отпорност на штетници и на болести.

“Специфична ултравиолетова светлина го активира одбранбениот систем на растенијата. Она што е интересно е дека работи на сите култури”, објаснува дизајнерот. „Значи, можеме да ја намалиме употребата на пестициди. Познато е дека пестицидите имаат значително штетно влијание врз биолошката разновидност, еден од столбовите на одржливоста. Ако земјоделската индустрија биде во можност да ја намали зависноста од нив, тоа ќе биде од голема корист за животната средина. Овие светла можат да го зајакнат метаболизмот на растенијата и да создадат отпорност на штетници и болести.

Инаку, Холандија е еден од најголемите светски производители на зеленчук, втор по САД, и се етаблира како пионер на високо ефикасни земјоделски техники. Повеќе за овој проект може да се види на:

 

 

You may also like

Comments are closed.