Matthew Williams во својата прва пред-есенска колекција 2021 за куќата Givenchy предлага папучите да се дел како од дневната, така и на вечерна облека, а дизајнерските папучи да се дел од елегантните вечерни настани. Според неговата теорија за чевлите екстремните обувки можат да ја претворат и најсовремената облека во радикален предлог. Затоа, заборавете на впечатливите потпетици што ги носеше музата на Одри Хепберн со нејзиниот мал црн фустан во „Појадокот кај Тифани“.
Givenchy пред есента идната година предлага вечерни тоалети, украсени со светкави нараквици, со силни влечки изработени од овча кожа со гумени ѓонови и украсни елементи одозгора.
Како и многу од предложеното и тие беа предлог за унисекс, завршувајќи и во колекцијата на машка облека во пред- есенската колекција. /М.М.