Повеќе пати наградуваниот комплет од три производи – масло, серум и лосион против стареење, кожата ја прават поцврста, помазна и посјајна
Abeille Royale комплетот е резултат на децениска потрага по природни и ефикасни состојки на Guerlain Research, на испитувањата со мед и матичниот млеч. Производите на пчелите, медот и матичниот млеч, се меѓу најефикасните природни супстанции за ревитализација. Проучувањето на тајните моќи на ваквите козметички производи и анализите на нивните придобивки, се со цел да се класифицираат нивните особености и да се идентификува кои од нив одговараат на потребите на кожата. Ouessant, островот во Франција од УНЕСКО прогласен за резерват на биосвера е домот на Црните Пчели се есенцијалната алка од процесот на создавањето на невообичаено чистиот мед, богат со амино киселини и олиго-елементи.
Abeille Royale преку својата нова формула оствари исклучителни резултати во минимизирањето на видливите знаци на стареењето. Кога лосионот, серумот и маслото се употребуваат заедно, ефектите се највидливи – кожата зрачи со младешки сјај, како одвнатре да е зајакната.
Youth Watery Oil – Ова универзално масло за нега на кожата, богато со аминокиселини и микроелементи има добиено 19 интернационални признанија за својата моќ кожата веднаш по употребата да ја направи помазна, светла и еластична. Совршено е за сите типови кожа, за секој ден од годината.
Fortifying lotion успешно го пронајде најголемото богатство создадено од пчелите, користејќи технологија за липозоми, за да се овозможи микрокапсулација на ексклузивниот матичен млеч. Abeille Royale Fortifying Lotion и помага на кожата во борбата против последиците на стресот и загадувањето. Кожата останува поцврста, сјајна, еластична, одвнатре и однадвор.
Double R Renew & Repair Serum се истакнува по својата ексклузивна технологија со двојна формула. Формулата за обновување користи ламинарен гел за нежно дифузирање на кожата со AHA, за нежен пилинг, а формулата за корекции помага во реструктуирањето на кожата и во создадавањето на појасни контури на лицето. /М.М.