Дуњата припаѓа на истото семејство на растенија како јаболката и крушата. Ретко се јаде свежа,а најчесто се користи за да се направи вкусен сок, компот, џем, или слатко. Кога ќе го направите овој компот од дуњи, имајте ги на ум и причините зошто дуњата е добра за здравјето.
Добра за срцето: Дуњата содржи пектин кој го намалува нивото на лош холестерол во крвта. Затоа ова овошје е одлично за спречување на запушени артерии. Калиумот во дуњата го намалува крвниот притисок, а витаминот Ц, кој се наоѓа во дуњата, има корисен ефект и врз здравјето на срцето.
Добра за варење: Благотворно делува и може да помогне во лекување на чирот на желудник, при дијареја и проблеми при варењето.
Има антибактериски својства: сокот од изрендана дуња и тиква е одлична за лекување рани и благи изгореници.
Помага при слабеење: Дуњата содржи многу растителни влакна и витамин Ц поради што е одличен избор за регулирање на телесната тежина. /М.М.