Дигиталните настани, па и саемите, поради пандемијата станаа неопходна иновација на нашето време. Така, од петти до 19-ти декември ќе се одржува MISAF – Миланскиот саем на обувки и додатоци. Саемот е виритуелен, со единствено 3D виртуелното издание – со најновото во индустриската гранка но и сознанијата за проблемите и постојните предизвици!
Второто издание на Саемот за чевли и додатоци во Милано, MISAF, ќе овозможи најдобар преглед на она што ги следат нашите дневни движења во машките чевли, трендовите во детските обувки, елегантните, кежуал и спортски женски чевли, обувките за дома и за надвор, како и најдобрите производи од Азија, според квалитетот, дизајнот и цените.
MISAF нуди нова можност за посета на саемот, во рамките на интерактивната платформа. Дизајнирана е да ги прошири деловните можности на купувачите, изложувачите и сите влијателни учесници на пазарот на обувки ширум светот.
Во постојните околности, меѓусебната поддршка е од фундаментално значење. Така, Кинеската стопанска комора е промотор и поддржувач на MISAF. Реализирана е и донација на маски за лице, што секако е мошне значајно во моменталната состојба. /M.M.
Повеќе информации на: https://www.misaf.net/?gclid=Cj0KCQiAqo3-BRDoARIsAE5vnaIyX5WM6-2oVw4zli16vYGFp836Gqq64WepXxQn45y5a-Zh71UATyMaAj0hEALw_wcB#/Home