Бојата игра важна улога во дизајнот на ентериерот. Секоја боја може целосно да ја трансформира просторијата, може да го постави тонот на собата, расположението, општиот амбиент. Исто така, има моќ да даде илузија на просторот или да направи просторот да изгледа помал отколку што всушност е.

Има многу нијанси за избор на бои и треба да се постават во правилни пропорции. Во спротивно, тие нема да бидат во взаемна  хармонија. За среќа, постојат неколку правила за боја што можете да ги користите за да бидете сигурни дека боите секој пат изгледаат избалансирани.

Врз основа на научни принципи, палетата на бои е организирана на начин што покажува како боите природно се комбинираат, мешаат и создаваат контраст. Поделена е во дванаесет бои и во три категории: примарна, секундарна и терцијарна. Основните бои се црвена, жолта и сина. Сите други бои се создадени од овие три бои.

 

Палета – аналогни бои

Аналогната шема на бои  е начин за создавање успешна комбинација на бои со благ контраст. Едноставно е како партнерство од две до три бои што се една до друга на палетата.  За оваа, сè што треба да направите е да изберете една главна боја, а потоа исто така да ги користите боите од нејзините двете страни. Тука, основни ќе бидат две бои, а третата ќе биде мешавина од двете. На пример, црвена, портокалова и жолта или црвена, виолетова и сина. Бидејќи користите три бои, треба пропорционално да ги распределите, за да бидете сигурни дека просторот се чувствува балансирано.

Палета – монохроматски бои

Ако не сте голем љубител на живописни нијанси, можете исто така да направите аналогна шема на бои користејќи само неутрални тонови, таа шема се нарекува монохроматска. Со избор на  монохроматските бои може да  се добие навистина софистициран, изменет изглед на ентериерот. Сè што треба да направите е да измешате повеќе нијанси од сива или друга неутрална боја, за да создадете елегантен и модерен изглед.Палета – комплементарни бои

Спротивностите  се привлекуваат-топли наспроти ладни бои. Изборот на две комплементарни бои создава енергична шема на бои со висок контраст. Тоа е прилично едноставен концепт: спарете две бои од спротивните страни на палетата, како што се виолетова со жолта, сина со портокалова или црвена со зелена боја. Трикот е да знаете како да ги користите во нивната соодветна пропорција и тинктура и ќе бидете изненадени со бројот на импресивни комбинации што можете да ги извлечете од нив. Овие шеми се смели и динамични, способни да создадат некои зачудувачки простории. /А.Ј.

You may also like

Comments are closed.