Јубилејот одбележан со пригодна кампања посветена на Њујорк и уметноста
Michael Kors ја одбележа 45-годишнината од постоењето на брендот со впечатлива кампања за сезоната есен/зима 2026 година. Преку портрети во црно-бела техника проектот на кампањата ја слави нераскинливата врска меѓу високата мода и њујоршката сценска уметност.
Под насловот „Њујоршки шик“ (New York Chic), кампањата обединува истакнати имиња од балетот и од Бродвеј. Снимени во срцето на Њујорк, овие графички портрети ја отсликуваат автентичната личност и енергија на секоја од уметниците.
За визуелната изведба се погрижија истакнати творци од модниот свет: Inez & Vinoodh за фотографијата, Carlos Nazario за стајлингот, а режијата е на Stephen Galloway.Во знак на почит кон њујоршката културна заедница, модната куќa ќе уплати парична донација нa Broadway Cares — една од водечките хуманитарни организации за поддршка на лицата заболени од ХИВ и Сида.

Фото: Michael Kors




















