Кога просторот станува боја – Cloud Dancer ќе ја дефинира 2026
Институтот Pantone денес ја соопшти својата најнова годишна прогноза, избирајќи ја „Cloud Dancer“ – светол, воздушест бел тон – за боја на 2026 година. Според експертите на институтот, оваа нијанса симболизира јасност, смиреност и простор за нови идеи, во период кој глобално се одликува со промени, преоптоварување со информации и силна потреба од внатрешен баланс. Според Pantone, нијансата „Pantone 11-4201“ има и значајна визуелна улога: создава структура, им дава простор на другите бои да дојдат до израз и лесно овозможува хармонични комбинации или изразени контрасти. Во време кога бојата станува клучен израз на личен идентитет, „Cloud Dancer“ е адаптибилна, лесна и подеднакво функционална и сама и во комбинација со посилни тонови.Лори Пресман, заменик-претседателка на Pantone Color Ins?tute, ја опишува „Cloud Dancer“ како „празно платно“. „Тоа е воздушест бел тон кој ја отвора имагинацијата, ослободува креативна енергија и дозволува да се појават нови увидувања и храбри идеи“, изјави Пресман. Во модниот спектар веќе може да се забележи овој тон во колекциите за сезоната SS26 на неколку водечки модни куќи, меѓу кои Dior, Givenchy, Zimmermann и Isabel Marant, каде светлата, прочистена белина доминира во силуетите и материјалите. Програмата „Боја на годината“ на Pantone се објавува од 2000 година и секогаш се темели на длабински тренд-истражувања и процена на социјални, културни, економски и политички фактори. Во годините зад нас беа избрани Mocha Mousse (2025), Peach Fuzz (2024), Viva Magenta (2023), Very Peri (2022), Ul?mate Gray и Illumina?ng (2021), како и Classic Blue (2020).Со изборот на „Cloud Dancer“, Pantone испраќа порака дека 2026 година ќе биде година на прочистен визуелен јазик, нови почетоци и враќање кон суштественото./М.М.




















