
Одбележувајќи десет години од линијата Le Vestiaire des Parfums, YSL Beauty го претстави Muse, најсензуалниот мирис досега – омаж за жената како инспирација, како симбол на самоувереноста и на дрската заводливост.
Во светот на високата парфимерија, кадешто секоја капка е приказна, Yves Saint Laurent повторно ја пишува својата олфакторна историја со новиот мирис Muse — мирис што се чувствува, се памети и се посакува.
Како дел од прославата на деценискиот јубилеј на линијата Le Vestiaire des Parfums, Muse се наметнува како ѕвезда на редизајнираната колекција. За разлика од останатите парфеми во линијата, инспирирани од модните кодови на куќата (како Blouse, Capeline и Velours), Muse оди подлабоко — до самото срце на YSL естетиката.
„Господинот Сен Лоран постојано беше инспириран од жени што зрачат со сила, што ги надминуваат нормите – неговите музи. Тие не беа само лица, туку ставови“, вели Алиша Рестино (Alicia Restino) , глобална маркетинг директорка за парфеми во YSL Beauty. „Овој парфем е омаж на таа енергија.“
Во сржта на Muse се наоѓа една мошне необична олфакторна нота — мирис на мастило. Француската парфимерка Мари Саламани (Marie Salamagne), авторка на мирисот, објаснува: „Мастилото е рбетот на Muse. Темно, замаглено и интензивно, го одразува мастилото со кое Сен Лоран ги црташе своите скици.“
За да се балансира оваа темнина, во композицијата се вметнати ноти на „мек„ ирис и ванила, создавајќи сензуален контраст. „Секоја состојка е како потег со четка – за создавање текстура, тензија и емоција“, додава Саламани.
Парфемот Muse не се обидува да го освои вниманието — како вистинска музика, нејзиното присуство се чувствува долго, навистина долго./M.M.