
Новиот производ на Ким Кардашиан ја подели јавноста – од краткорочни ефекти до научни сомнежи и реакции од посветени активисти.
Појасот за лице предизвикува контроверзии: експертите предупредуваат, инфлуенсерите слават, а фановите дебатираат: Ким Кардашиан повторно предизвика реакции – овој пат со својот Seamless Sculpt Face Wrap, појас за лице кој ветува „скулптирање на вилицата“ и „колаген-наполнета кожа“. Лансиран како прв производ за лице на SKIMS, појасот се распродаде за помалку од 24 часа. Но, интернетот е поделeн: од одушевени до скептични, од модни ентузијасти до body positive активисти.
Докторите предупредуваат дека ефектите се најмногу привремени. Д-р Ахмед Ел Мунтасар (Ahmed El Muntasar) вели: „Колагенските влакна во ткаенината не можат да продрат длабоко во кожата доволно за значителни резултати. Најмногу што прават е да ја намалат отеченоста привремено.“ Д-р Ана Андриенко (Anna Andrienko) додава: „Долготрајното користење може да предизвика иритации, проблеми со циркулацијата и нарушување на бариера на кожата.“
Од друга страна, пластичниот хирург д-р Марк Мани ( Marc Mani) и скулпторот за лице Џозеф Карило (Joseph Carillo) сметаат дека компресијата може да помогне. „Ги поддржува лигаментите на лицето и го намалува подбрадокот“, објаснува Карило, додавајќи дека редовното користење може да има корисен ефект врз обликувањето на лицето.
Контроверзи на социјалните мрежи
Интернетот е преплавен со реакции. Некои го споредуваат појасот со реквизити од дистописки филмови: „Што – Ханибал маска е ова?“ прашува еден коментар на Instagram. Body confidence активистката Alex Light предупредува: „Жените сега се ‘обврзани’ да ја обликуваат вилицата дури и кога спијат.“ Некои, пак, ја сфаќаат шеговито: „Добро, Ким, веќе се чувствувам 10 години помлада!“
TikTok инфлуенсери го претставуваат појасот како дел од утринската рутина каде што се додава масажа со gua sha, витамиснки маски и се „лепат„ усните, сè со цел наутро да се постогне идеален младешки изглед. Според експертите кои своите мислења ги изнесоа во BBC и Cosmopolitan, маркетингот е насочен кон помладите генерации, кои се чувствителни на влијанието на социјалните медиуми.
Културен контекст и историски предизвик
Face shapewear не е нова идеја – појаси за лице се користеле во медицината и козметичката индустрија со децении, а К-поп и K-beauty трендовите веќе ги популаризираа „V-line“ лицата. Но, SKIMS го претставува производот како секојдневен, „must-have“ артикл, насочен кон милиони следбеници на Instagram и TikTok.
Дел од активистите предупредуваат дека ова го продлабочува нереалниот стандард на убавината. „Секојдневно носење појас за лице испраќа порака дека природните, нормални карактеристики треба да се менуваат“, вели Лаура Портер (Laura Porter). Бившата моделка Клои Томас (Chloe Thomas) додава: „Овие производи го враќаат часовникот назад на напорите за прифаќање на телото.“
По се изгледа дека Seamless Sculpt Face Wrap е пример како модата, маркетингот и социјалните медиуми го обликуваат современиот естетски дискурс. Дали ќе стане хит за краткорочно обликување и поддршка на лицето или ќе остане уште еден продукт кој создава притисок и нереални очекувања? Според сèто што се случува на Instagram и TikTok, времето ќе покаже – а дискусијата, како и секогаш кај Ким, веќе започна./M.M.