
Јулијана Ѓорѓиевска шеста во Европа, Соња Арсовска со титула за најдобар костим на изборот во Бејрут.- Двоен успех на Модното студио Црнокрак на европска сцена
На изборот за Мис Европа 2025, одржан во Бејрут, Либан, македонските преставнички Јулијана Ѓорѓиевска од Крива Паланка и Соња Арсовска од Кавадарци, во конкуренција од 50 девојки од цела Европа, постигнаа значаен успех и се вратија со титули.
Јулијана Ѓорѓиевска го освои шестото место, односно титулата петта придружничка (5th Runner-Up), додека Соња Арсовска ја понесе титулата Miss Best Costume, што се доделува за најдобар сценски костим. Победничка на годинешниот избор е Јулија Павликова од Русија, прва придружничка е натпреварувачката од Украина, а втора – од Грција.
Двете наши убавици, според соопштението, се членки на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува официјалната лиценца за Македонија за овој престижен избор и ја организираше нивната посета и учество во Бејрут. Финалната вечер се одржа во ексклузивниот клуб Quora во Бејрут, под организација на Style Events Organization, либанска агенција која веќе 20 години го организира изборот за Мис Европа.
Јулијана Ѓорѓиевска останува во Бејрут каде што ќе учествува и на претстојниот интернационален избор World Next Top Model 2025, каде повторно ќе ја претставува Македонија.