Американската актерка Gwyneth Paltrow доби водечка улога во пролетната кампања на Saint Laurent, дизајнирана под креативното раководство на Entoni Vakarelo и реализирана од познатиот фотограф, David Sims. Моменти од снимањето можат да се видат на следниот линк:
Кампањата ја потврдува Paltrow како модна икона и ја става покрај легендарните музи на Saint Laurent, како Diana Ross и Belа Hadid.
На фотографиите од кампањата се препознатливите остри кроеви и дискретната елеганција на модната куќа на Saint Laurent. Актерката зрачи со софистицираност во две впечатливи изданија кои го канализираат машкиот стил со префинет женствен допир.
Соработка со Saint Laurent доаѓа како логично продолжение на долгогодишната поврзаност со американската актерка. Нејзиното присуство на ревијата на колекцијата пролет/лето 2025, во Париз, само ја навестуваше оваа кампања, додека нејзиниот избор на облека, го дополнуваше ликот што сега е во центарот на рекламната кампања.
Со кампањата, креативниот директор Entoni Vakarelo ја истакна способноста на Gwyneth Paltrow да зрачи со тивка софистицираност во кроеви што ги балансираат прецизните машки линии со суптилните женски акценти./М.М.