Моника Димова, креативна директорка и моден дизајнер на истоимениот бренд, ја претстави својата најнова колекција насловека како Whispers in Time. Инспирирана од ретро гламурот, колекцијата претставува прослава на безвременската елеганција, со луксузни црни тоалети, сјајни црвени фустани и сложени украси во злато и сребро.
Деталите за колекцијата се на сајтот: https://monikadimova.com/whispers-in-time
Секое парче на Whispers in Time раскажува своја приказна, доловувајќи ја магијата на празничните вечери и незаборавни моменти. Дизајнирани со најдобра изработка, овие креации се совршени за најгламурозните вечери во сезоната. Како и сите други колекции на Моника Димова и оваа е со луксузна рачно изработена облека.
Брендот Monika Dimova, со седиште во Милано, Италија, е основан во 2019 година, по дипломирањето на Димова на Иститутот Марангони – еден од најпрестижните факултети за моден дизајн. Брендот е специјализиран за луксузна рачно изработена женска облека, нагласувајќи ја безвременската женственост и ексклузивност, при што секој дизајн е направен по мерка за да ги задоволи индивидуалните потреби. Моника со својот бренд веќе пет години се вложува и гради себе си и своето модно кредо./М.М.

You may also like

Comments are closed.