Четвртото поглавје на Gucci Gift кампањата, насловено како Ноќ во Фиренца, ја оживува празничната магија со амбасадорите на брендот: Dakota Johnson, Julia Garner и Ni Ni. Позната по своето уметничко наследство, Фиренца е повеќе од совршен дом за кампањата и за луксузните стилови, наменети токму за забава. Колекцијата ги вклучува добро познатите модни додатоци, како Gucci Jackie Notte чантите: Jackie од 1961 и Bamboo од 1947 година, прогодно изработени во металик тонови и смели, Rosso Ancora нијанси, надополнети со кристални украси. Аксесоарите се комбинирани со Gucci Signoria и фин накит од колекцијата Horsebit.
Dakota Johnson, една од клучните фигури во кампањата, носи беспрекорно скроени комплети кои одлично го надополнуваат празничниот дух. Освен визуелните прикази на кампањата, Gucci има и надградена верзија, на Gucci App, на Apple Vision Pro, овозможувајќи им на корисниците да тргнат на интерактивно патување и да ги истражуваат визуелните елементи – од луксузниот Savoy хотел во Лондон, до празничниот шарм на Фиренца, градот во кој и е создаден брендот.
Gucci Gift ги обединува глобалните амбасадори и пријателите на брендот, прикажувајќи ги во интимни вињети, покрај нивните најблиски. Имено, за креативниот директор Sabato De Sarno кампањата е приказна за љубов и за заедништво, каде што радосните моменти споделени со семејството стануваат вредни спомени.
Gucci Gift кампањата, во режија на Marcell Rev и фотографирана од Anthony Seklaoui, е пригодно, празнично истражување на врските што ја дефинираат сезоната, како и покана до гледачите да ја искусат магијата на Gucci./М.М.