Во рамките на годинешното издание на Моден Викенд Скопје, на 25 октомври, во Лабораториум, ќе биде отворена уметничка Изложба на Warm Metal и Хуго Виндер-Линд
Оваа изложба претставува уникатен културен експеримент во кој двајцата уметници – Македонка и Британец – ги претставуваат своите култури низ призмата на другиот. Како појдовна точка, секој од уметниците го снабдува другиот со визуелен материјал изваден од поширокиот социо-политички контекст на сопствената култура. Неминовно е инспирацијата на двете страни да биде површна и не-поткрепена со подлабоко разбирање на културолошкиот контекст на другиот. При ова уметниците намерно се впуштаат во погрешно или површно толкување на елементи од туѓата култура и се принудени да искреираат дела кои се културолошки “неинформирани”. Овој експеримент е иронична метафора за предрасудите и погрешните сфаќања кои често се јавуваат помеѓу различни култури.
Warm Metal е моден бренд основан од Теодора Митровска, македонска дизајнерка која живее и работи во Лондон. Со својот концептуален пристап, Митровска ги урива границите на конвенционалната мода, создавајќи уникатни парчиња што ја рефлектираат нејзината желба да ги истражува личните и социо-политичките теми. Warm Metal функционира како комерцијален бренд, но неговата суштина лежи во креативниот израз, ослободен од ограничувањата на сезонските трендови и индустриските стандарди.
Хуго Виндер-Линд, кој е роден и живее во Брајтон, Обединетото Кралство, својата творечка инспирација ја наоѓа во дивите и ненаселени предели на рурална Англија. Во својата уметност тој ги истражува границите помеѓу природата и цивилизацијата преку сликарство, скулптура, фотографија и литература.
Изложбата е поддржана од Британскиот совет и ќе остане отворена и на 26 и 27 октомври годинава./M.M.
More in:Мода вести
Модната недела на Perwoll започна со модно патување на Слаѓана Милошевиќ
Есенската, 54-та по ред модна недела на Perwoll синојќа во Белград е отворена со модно ...
Обиди се – порака од 54. Perwoll Fashion Week
Есенскиот, 54. по ред Perwoll Fashion Week ќе се одржува од 17. до 25. октомври ...
Gap и Cult Gaia создаваат за модерната божица
На изненадување за љубителите на модата, Gap се здружи со Cult Gaia за да создадат ...
Valentino Galvani: Необично патување низ Рим
Црпејќи инспирација од филмските дела на Federico Fellini и Luchino Visconti, кампањата користи естетика од ...