Списанието ги спои модата, музиката и спортот на настан со кој започна модната недела – Paris Couture Week.
Световите на модата, музиката и спортот се сретнаа на парискиот плоштад Вандом, кадешто со третото издание на модниот перформанс “Vogue World Pariѕ” е означен почетокот на Неделата на високата мода во француската престолнина.


Над 500 учесници – спортисти, пејачи и манекени го покажа, деценија по деценија, развојот на француската мода и нејзината поврзаност со историјата на спортот.
Посетителите уживаа во ефектни музички настапи, комбинирани со ревијални делови и специфични кореографски моменти.


Во чест на Неделата на високата мода и на претстојните летни Олимписки игри Vogue World ги комбинираше модата и спортот, слично на шоуто фокусирано на театарот, во Лондон, минатата година.


Со ексклузивна листа на гости, импресивна модна писта, грандиозни изведби и Cara Delevingne како водителка, третото издание на Vogue World во целина ги оправда очекувањата. На сајтот на Vogue може да се проследи целиот настан, највпечатливите моменти од перформансот, како и најинтересните модни изданија на гостите./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.