Директорот на Earth Day иницијативата за укинување на пластиката, Aidan Charron, има одговор на тоа прашање, повикувајќи на намалување на производството за 60%, до 2040 година.
Денот на планетата Земја годинава предизвика интензивна дебата која, освен за текстилот, се однесуваше и на пластиката, при што клучното прашање е дали е можна иднина без пластика.
Под темата „Планета против пластика“(Planet vs Plastics), се нагласува потребата од драматично намалување на производството на пластика до 2040 година, со цел создавање на свет ослободен од пластика.


Паралелно, со акцент на био-базирани и био-разградливи материјали, како ветувачки замени, се истражува потенцијалот да се реплицира разновидноста на пластиката, без нејзините штетни последици.
Сепак, актуелната состојба е алармантна, бидејќи производството на пластика денес е двојно поголемо од пред 20 години, со тенденција на раст што не стивнува. Иако малку се знае за преку 15.000 хемикалии кои ја сочинуваат пластиката, нејзината употреба продолжува да расте, со проекција да се удвои за помалку од 40 години. Дополнително, пластиката секоја година придонесува трошоците за здравствена заштита да изнесуваат 250 милијарди долари, само во Соединетите Држави, како резултат на болести предизвикани од многу штетни хемикалии како што се PFAS, бисфенолите и фталатите, кои обезбедуваат уникатни карактеристики на секој вид пластика.
Разговорите за глобалната потреба за намалување на производството на пластика добиваат на значење во време кога светот се соочува со предизвикот да го промени курсот кон поодржлива иднина./M.M.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.