Годинешното издание на С.О.С. фестивалот е закажано на 15 јуни, со почеток во 20:00 часот, на Ракометно игралиште во Битола.
Фестивалот ги носи Забрањено пушење, кои годинава одбележуваат јубилејни 40 години од првиот студиски материјал „Das ist Walter“, најдоброто од Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе и екс-ју ретроспективата на Rootboy Selector.
Јубилеј слави и домаќинот „Фреш унион“ – полни 20 години од првиот настан и стартот на реализацијата на идејата за развој на урбаната музичката култура.
Фестивалот ќе биде своевидно музичко патување низ времето со хитовите на Забрањено пушење, како и со најдоброто од Игор Џамбазов, придружуван од неговиот Гуру Хари, а секако и со анегдотите од неговата над 30-годишната кариера.
Влезниците за С.О.С фестивалот веќе се пуштени во продажба, и тоа онлајн преку мрежата на mktickets.mk и во продажните салони на mktickets.mk. До 10. мај ќе се продаваат по промотивна цена, по 600 денари.
More in:Вести
Vinted модната платформа со одлични деловни резултати
Vinted- модната платформа на која се продава и купува користена облека, лани оствари голем деловен ...
Можен ли е свет ослободен од пластика?
Директорот на Earth Day иницијативата за укинување на пластиката, Aidan Charron, има одговор на тоа ...
На фестивалот „Крај Вардарот Џез“: настап на Дуња Иванова и концерт посветен на Кире Костов
Во рамки на втората фестивалска вечер на „Крај Вардарот Џез“, утревечер, 23 април, со почеток ...
„Алкалоид“ со донација на течен „Омепразол“ вреден 12,5 милиони денари, ќе помогне во лекувањето на околу 200 деца
Како континуиран поддржувач на македонското здравство и фармација, „Алкалоид“ АД Скопје донира дел од своите ...