Со ревијата NITI, на модниот креатор Игор Тодоровиќ, која претходно наиде на убав прием на миланската модна недела ( Milan Fashion Week), започна 53. Perwoll Fashion Week. До 17. април љубителите на модните настани во Србија ќе може да ги следат дострелите на српската авторска мода, како на познатите дизајнери, така и на оние кои допрва доаѓаат.
Белградската модна недела со минута аплауз и одаде почит на Слаѓана Милошевиќ, добитничката на првото признание за промоција на модата и нејзино поврзување со уметноста.

На pre-opening, ден пред почетокот на ревијалниот дел, отворена е изложбата UNLIMITED TIES, на Наташа Шариќ, во галеријата Sanjaj.
Инаку, белградската модна недела од година во година станува значаен настан на модната сцена во регионот. Вклучува дизајнерски ревии од Србија и поширокиот регион, презентација на новите трендови, како и можност младите таленти да ја покажат својата работа. Во рамките на белградската модна недела се одржуваат различни настани, како што се модни ревии, панел дискусии и работилници.

 

You may also like

Comments are closed.