Познатите личности и годинава го донесоа сјајот и гламурот на 96-тото доделување на Оскарите во Лос Анџелес. Според списанието Cosmopolitan, меѓу мноштвото познати личности, една и единствената била Zendaya, во неверојатен фустан на Armani Privé во стилот на стариот холивудски гламур. Мислењето на Cosmopolitan го делат сите – од стручната јавност до социјалните мрежи. Другите главни модни моменти ги вклучуваат: црниот фустан на Margot Robbie (нејзиниот последен Barbie-фит), футуристичката, скулптурална тоалета на Del Core на Florence Pugh, Ariana Grande во Giambattista Valli… Погледнете ги оние кои привлекоа особено внимание на годинешната церемонија.
9 Номинираната за најдобра споредна женска улога за „Опенхајмер“ Емили Блант заслепена во кремаста тоалета на Скиапарели со светки, а нејзиниот сопруг, актерот Џон Красински, носеше соодветен крем костум.
1 Актерката Zendaya од „Dune“ изгледаше прекрасно во розовиот фустан на Armani Privé. Изгледот го спои со накит на Bulgari.
2 Emma Stone носеше прилагодена тоалета на Louis Vuitton, со сложени цветни детали на ткаенината во боја на нане.
3 Ѕвездата на „Barbie“, Margot Robbie, носеше црн фустан на Versace.
4 Јужноафриканската актерка Charlize Theron блескаше на црвениот тепих на Оскарите во сребрена тоалета на Christian Dior Haute Couture со превртени детали на деколтето.
5 Jennifer Lawrence се појави во црно-бел фустан од високата мода на Christian Dior, комплетиран со накит на Swarovski.
6 Актерката од The Perfect Find“,Gabrielle Union-Wade, се претстави во фустан на Carolina Herrera и накит од Tiffany & Co.
7 Ѕвездата на „Wicked“, Ariana Grande, изгледаше убаво во розов фустан со грандиозна наметка од Giambattista Valli и накит од Tiffany & Co.
8 Пејачката Billie Eilish, номинирана за најдобра оригинална песна за “Barbie“, носеше костум со здолниште од Chanel. На реверот, носеше игла што го симболизира повикот за прекин на огнот во Газа.
9 Emily Blunt од „Oppenheimer“ носеше Schiaparelli со светки и необично украсување./М.М.