Laura Kim и Fernando Garcia, креативните директори на Oscara de la Renta, за колекцијата за есен 2024 се инспирирани од Art Nouveau архитектурата и дизајните на стаклото.
Нивната визија опфаќа живописни нијанси, смели принтови и софистицирани силуети, со кои се демонстрираат иновативни техники и уметничкиот талент на дизајнерите. Имено, ова дизајнерско дуо внимателно ги комбинира традиционалните елементи на кроењето со модерниот израз, создавајќи колекција која ги истражува комплексноста и убавината на уметноста.


Живописните нијанси на ѓумбир, оливин и бобинки ја надополнуваат класичната браон боја на колекцијата. Храбрите принтови, како јагуар, „О“ланци и уметнички прикази на хризантема ги надополнуваат класичните дневни стилови.


Софистицираните силуети се откриваат преку префинето кроење, корсети-фустани и структурирани фустани, акцентирани со органски рабови. Иновативните техники на колекцијата се претставени со украсни материјали, како омбре кожа во боја на какао и ткаенина исткаена во шема на кошничка. Според дизајнерите, истакнатите елементи на Art Nouveau доаѓаат до израз во вечерните тоалети – кај кристалните коктетл фустани со омбре кристали од сафир, како и кај посебно обоените акрилни фустани, инспирирани од витраж.

Целата колекција е преставена на следниов линк: https://www.oscardelarenta.com/pages/fall-2024

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.