Својот прв паметен прстен Samsung го претстави на Mobile World Congress во Барселона како сеопфатен уред за следење на здравјето, засилен со вештачка интелигенција (AI).
Galaxy Ring треба да биде лансиран наредниве месеци и, според Samsung, ќе понуди поедноставен начин за следење на различни метрики на телото како поддршка на здравјето. Шефот за дигитално здравје на Samsung, Хон Пак, рече дека прстенот е нов дел од портфолиото на уреди за носење. Galaxy Ring на корисниците ќе им понуди сосема нов начин на следенје нивната секојдневна состојба, давајќи им поголем увид и повеќе начини да разберат самите дење и ноќе“.
Samsung Galaxy Ring е дел од најновите паметни телефони Galaxy што се очекува да се појават на пазарот пред летото./М.М.