Gigi Hadid (28) и Bradley Cooper (49) имаа подеднакво лежерен изглед на аеродромот во Њујорк, како и деновиве, во обиколката на Лондон. Тоа што се координираат во облекувањето се толкува и како емотивна експресија на нивната романса.
PEOPLE пренесува дека Hadid се „забавува“ со Cooper но и дека двајцата ги одржуваат работите лежерни. Сепак, изворот додал дека моделката би можела потенцијално да биде отворена за истражување на новата врска.
Моделката Gigi Hadid и актерот Bradley Cooper се поврзуваат од крајот на минатата година, а ова е нивно прво заедничко патување во странство. Врската со Gigi Hadid е протолкувана и како негово повторно емотивно поврзување со жените на пистата.
Имено, Bradley Cooper и руската супермоделка Irina Shayk за прв пат беа поврзани пролетта 2015 година, кога заедно го гледаа бродвејскиот мјузикл Finding Neverland. Кусо потоа, парот помина време во Лондон, каде што Cooper настапуваше на West End.
Иако не ги одбегнуваа медиумите Cooper и Shayk ретко зборуваа за својата врска, како и за причините за разидувањето, во 2019 година. Во април 2017 година ја добија ќерката Lea De Seine, поради која одржуваат пријателски односи, иако напати имаше гласини и дека ја обновиле врската./М.М.