Tony Ward е либанско-италијански моден дизајнер кого го нарекуваат архитект на детали, поради инспирациите за неговите колекции во современата архитектура.
И се обраќам на современата, модерна жена која знае што сака. Негувам авангарден, но секогаш практичен стил. Архитектурата е основата на моето истражување, изјави Ward во интервјуто за Fashionunited, по повод претставувањето на најновата Couture колекција за пролет/лето 2024 година. Ми се допаѓаат новите техники, работам со рачно изработени и машински 3D печатења во кои неможе да се утврди како е создаден материјалот.


Колекцијата претставена на Неделата на висока мода во Париз не се разликува од деталите и квалитетот што дизајнерот секогаш ги испорачува. Во неа има волшебство од прелевање на боите, лелеавост во движењето. Вард избра монохроматски парчиња со сложени детали. Фустаните се со длабоки деколтеа и резови, драматични елечиња и раменици. Тоа е ода на седумдецениско наследство на морната куќа што Тони Вард ја гради надоврзнувајќи се на работата на неговата мајка.


Во спомнатото интервју Ward изнесе интересни детали за Couture бизнисот и односот кон познатите на црвениот ќилим: Црвениот ќилим стана многу финансиски: компаниите плаќаат или покриваат трошоци за превоз и сместување, вели Tony Ward.

Тоа се буџети од 50.000 до 100.000 долари. Замислете колку убаво парче треба да биде за да го носи некој што не го плаќате. Понекогаш познатите личности имаат десет фустани подготвени за некој настан и до последен момент не сте сигурни дека ќе ја облечат вашата облека.

 

You may also like

Comments are closed.